ВИДЕО: Спелерберг: „Го сменивме системот, поагресивни сме во одбрана„

Голем дел од врвните репрезентации на ова светско првенство доаѓаат со проверени сили и скоро со ист играчки кадар. Но Данска е една од селкециите која го смени селекторот. И тоа не било кого, туку Улрих Вилбек, кој си замина по повеќе од успешна деценија работа. Еден од сенаторите во данскиот состав, Бо Спелерберг ја анализираше промената со Вилбек и неговиот наследник Гудмунсон:
„Секако дека е поинаква нашата игра од претходно. Имаме поинаков систем на игра. Посебно во одбраната, каде мора да бидеме поагресивни. Како турнирот одминува се обидуваме да ги поправиме недостатоците. Имаме и нови играчи во нападот, но се обидуваме да напредуваме секојдневно на тренинг и да работиме на истата формација„ истакна еден од најискусните дански ракометари, Бо Спелерберг. Интересно е дека традиционално Данска многу подобро играла на европски одколку на светски првенства и секогаш мака мачела дури и да се квалификува на светските првенства. По драматичните мечеви со Аргентина и Германија, вечерва повторно се предвидува меч кој до крај ќе биде познат со енигми, помеѓу Русија и Данска.




