hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Босанците се жалат дека се скандалозно украдени

Bosnia and Herzegovina VS TUNISIA 150121Qatar 2015 M42 BIH vs TUN-GEO39 xlarge

Босна и Херцеговина водеше со 24:22 и прими 5 гола од Тунис во периодот кога играше со 1 или 2 ракометари помалку. Поразот значеше елиминација од борбата за нокаут-фазата и преселба во „Духаил арената„ во „Президент Купот„ во борбата од 16 до 24 место.

Ракометарите на Марковиќ говореа за скандал невиден во нивните кариери:„Не можам да поверувам што се случи, ни ја земаа победата од раце. Неверојатно е да има вакво судење на Светско првенство, ваква судиска кражба досега немам видено„ изјави лутиот Иван Карачиќ по мечот. „ Прво да ве прашам, кој не победи, Тунис или судиите? Катастрофално судење, ова не сум го доживеал во кариерата„ рече голманот Бенјамин Буриќ.

Share