hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Светскиот првак се извади, Босна пак „потона„

QATAR VS SPAIN 150121Qatar 2015 M40 QAT vs ESP- DAZ2036 xlarge

Во натпревар кој како и нашиот со Хрватска, во игра беше првото место од А групата, Шпанија го совлада Катар со 28:25 (8:10). Валеро Ривера и неговиот катарски тим беше на чекор да го совлада светскиот првак, откако Стојановиќ бранеше одлично, а Жарко Марковиќ со 10 гола го торпедираше тимот на „црвената фурија„

Но во последните 6 минути, двете шпански крила Томас и Ривера жуниор со лесни голови на тимот актуелен светски првак, му донесоа значајна победа, која значи веројатно осминафинале со Бразил. Во исто така директен натпревар за пласман во осминафиналето, Б и Х пак на сличен начин, од добиен натпревар успеа да загуби. Тунис, повеќе со срце, одколку со глава и со серија од 5:0 во последните 5 минути дојде од 22:24 до 27:24 благодарение на ветеранот Меганем и Буганми и го „фати последниот воз„ за нокаут-фазата. Во победничката селекција Буганми постигна 7 гола, а Мажед собра 13 одбрани. Кај Босна, 5 гола на Малиновиќ, а по 4 постигнаа Овчина и Иван Карачиќ.

Катар - Шпанија 25:28 (10:8)

Б и Х - Тунис 24:27 (14:15)

Share