hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Русија пак се „самоуби„ ни Јиха не им помогна на чесите

szmal

Русите станаа мајстори на недовршени натпревари, откако пак одиграа перфектно прво полувреме и водеа во 75% од мечот со Полска, но на крајот загубија со 26:25 (12:13). И одбраната и нападот на руската селекција делуваше многу солидно.

Ракометарите на Вардар, Шишкарев и Хорбок отскокнаа од колективот и постигнаа 13 гола од вкупно 25 на руската селекција. Во последните 5-6 минути „зборнаја„ затаи и Атман не го реализира последниот напад за реми. Кај полската селекција најкорисен играч беше Ројовски со 6 гола, но ветеранот Биелецки со клучни голови во завршницата имаше голем придонес во победата. Голема победа издвојува Египет кој ја совлада Чешка со 27:24 (13:10). Националниот тим на Египет го имаше расположениот голман Хандави со 13 интервенции, а најефикасни беа Елахмар со 5 и Иса со 4 гола. Кај чесите настапи и Филип Јиха, постигна 4 гола, но потроши многу топки и не личеше на оној фантастичен играч од Кил. Најдобар меѓу чесите беше Хрстка со 5 гола. Очекувана победа забележа Аргентина над Саудиска Атабија со 32:20 (13:11). „Гаучосите„ ги имаа Пизаро со 7, Симоне со 6 и Фернандез со 5 гола. Сега меѓу нив и Русија ќе се решава осминафиналистот.

Полска - Русија 26:25 (12:13)

Чешка - Египет 24:27 (10:13)

Аргентина - Саудиска Арабија 32:30 (13:11)

Share