hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија храбро се бореше, но потклекна пред супер-брзата Холандија

mkd mecka crven

Холандија - Македонија 37:32 (18:15)

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Светското првенство откако загуби со 37:32 од Холандија. Клучен податок можат да бидат и 14 грешки на нашата селекција во овој меч. Водевме со 1:0 и 2:1 на стартот од првото полувреме, а потоа Холанѓаните го контролираа резултатот, два пати имаа предност од „плус два" (4:2, 5:3).

Успеавме да воспоставиме рамнотежна, доаѓавме неколку пати до израмнување, на 6:6, 7:7, а потоа со мини пресврт ние сега константно одржувавме „плус еден". Погодивме за 10:0, 11:10, а при 13:12, противникот направи серија од 5:0 за 17:13 и на полувремето водеше со 18:15. Проблем беше и исклучувањето на Петар Атанасијевиќ кој предвреме го напушти теренот поради директен црвен картон.

Се обидовме од почетокот на второто полувреме да дојдеме до резултатски егал, но тоа не го дозволија ривалите кои постепено ја кренаа разликата на четири-пет голови за 21:16, па 22:17.

Се доближувавме неколку пати на -3 (29:26, 30:27), а подоцна и до 32:30, 34:32, но не доволно да се скрши целиот отпор на Холандија која со овој триумф го обезбеди пласманот во прелиминарната фаза.

Кај стрелците Кузмановски имаше девет голови, а Серафимов шест. На спротивната страна Смитс реализираше седум погодоци.

Share