hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија со победа ги заврши подготовките, Мундијалот може да почне!

472715056 937511045177362 7619454260112892230 n

Македонија - Зеленортски Острови 27:26 (14:15)

Македонската ракометна репрезентација успешно ги заврши подготовките за Светското првенство. Со победа над Зеленортски Острови од 27:26 (14:15) во последниот контролен натпревар, нашиот национален тим покажа дека е спремен за големиот предизвик.

На дуелот против Зеленортски Острови, македонските ракометари се соочија со силен отпор од противникот. Првото полувреме заврши со минимално водство на противникот (14:15), но во второто полувреме, избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Победничкиот дух и тимската работа беа клучни за овој успех.

Селекторот Лазаров, како и во претходните подготвителни натпревари, im даде шанса на сите ракометари да се докажат.

Во подготвителниот период, Македонија покажа стабилност и напредок. Тимот оствари неколку значајни победи против клубовите Сесвете, Нови Београд и Динамо Панчево, додека натпреварите против Србија и Хрватска донесоа вредни искуства кои ќе помогнат во претстојните мундијалски битки.

Share