Лазаров: Не ме загрижува порзот, она што го сакав - го видов од момците!

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Вараждин загуби од Хрватска со 27:25 во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство 2026. Избраниците на Лазаров одлично се носеа со една од најсилните селекции, земјите која е ко-домаќин на престојното Светско првенство.
„Задоволен сум од натпреварот, она кое го сакавме го видовме во Вараждин во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе влеземе спремни на настанот", изјави Лазаров.
Од овој тест сигурно ќе можат да се извлечат поуки, позитивни работи пред дуелите на Мундијалот.
Македонија на СП ќе игра во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Првиот меч ќе го има на 15 јануари со унгарската репрезентација.




