Одлично издание во Вараждин, Македонија минимално загуби од Хрватска

Пријателски натпревар:
Хрватска - Македонија 27:25 (13:14)
Ракометната репрезентација на Македонија прикажа добра игра, но загуби во последниот натпревар пред Светското првенство вечерва против Хрватска со 27:25 (13:14). Момците на Лазаров одиграа квалитетен натпревар и одлично парираа на силниот ривал, а во првите 30 минути имавме и предност. Хрватска во самиот финиш успеа да се „одлепи" и да стигне до победата.
Клучни во последните моменти беа одбраните на голманот Пешиќ, но имаше и неколку исклучувања во нашите редови.
Одличен настап имаше и македонскиот голман Никола Митревски кој во првото полувреме, по кое Македонија водеше со 13-14, запиша осум одбрани. Во второто полувреме долго време бевме во егал, меѓутоа ние попуштивме во завршницата и Хрватска тоа знаеше да го искористи и да дојде до триумф
Вечерва најефикасен во нашите редови беше Атанасијевиќ со пет гола, Костески постигна четири, а Кузмановски и Серафимов по три.
Ваквиот настап на Македонија може да ни даde надеж за добро издание на Мундијалот, кој го стартуваме против Унгарија на 15 јануари.




