
Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за подготовките и настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот се ракометари кои играат само во македонските клубови.

Машката сениорска селекцијата е дел од групата Д, заедно со селекциите на Гвинеја, Холандија и Унгарија, а сите натпревари ќе се играат во Вараждин.
Официјалниот распоред и термини на оддигрување на натпреварите е следен:
15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот