hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ракометарите добија благослов од МПЦ

crkva reprezentacija

Македонската црковна општина во Загреб денеска организираше Света Василичка литургија во чест на православниот празник на овој светец и православната Нова Година, а националниот ракометен тим присуствуваше на богослужбата по овој повод во „Роков Перивој".

Согласно василичарските адети, тие од црковната општина добија и пригоден подарок, сребрена монета со мотив од Рожденството Христово и грбот на МПЦ-ОА.

„Вие сте апостоли, можевте да бидете било каде и да прославувате, но сепак дојдовте тука. Направивте едно чудо вчера, а ние веруваме дека ова сребро ќе го претворите во злато,- рече во своето обраќање надлежниот парохиски свештеник на МПЦ-ОА во Хрватска", Протојереј – стварофор Кирко Велински, благословувајќи ги ракометарите заедно со Митрополитот Европски Пимен.

Нашите ракометарите утре играат против Црна Гора, во натпревар кој почнува во 20.30 часот.

Share