hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Белоруски судии за мечот со Унгарија

belorusiki sudii

По обичај на нешто под 24 часа пред одигрувањето на мечевите, ЕХФ ги исфрла имињата на официјалните лица. По германски, романски и француски пар, на Македонија ќе им судат белоруси. Имено за мечот со Унгарија, кој за нас значи четврт официјален меч во Данска, делегирани се Гуско и Репкин, кои судеа на само еден натпревар до сега на турнирот.

Делегат на ЕХФ е Коељо од Португалија, а контролор гркот Мигас. Резервен пар се Столаровс и Лицис од Летонија. Мечот Исланд - Австрија ќе го водат Старк и Стефан од Романија, а големиот дуел на европскиот и светскиот првак, Данска против Шпанија, доверен им е на србите Николиќ и Стојковиќ

Share