Десетти роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров
![]()
Пред десет години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.
Македонија го загуби малото финале и како четвртопласирана се враќа од Оран
![]()
Македонија - Србија 29:34 (13:15)
Македонската машка ракометна селекција од Медитеранските игри во Оран, Алжир се враќасо четврто место. Денес во борба за бронзениот медал „црвено-жолтите" беа поразени од соседна Србија со 29:34 и на тој начин тие се радуваа на медалот.
Египет пресилен, Македонија ќе се бори за бронза на Медитеранските игри
![]()
Македонија - Египет 20:34 (10:16)
Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Египет со 20:34 (10:16) во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран.
Лазаров: Длабоко во себе верувам во невозможни мисии
![]()
Репрезентација на Македонија во ракомет ги доби противниците за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржува во Полска и Шведска. Денешната ждрепка во Катовице одлучи, Македонија да се најде во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашата репрезентација немаше среќа на ждрепката бидејќи можеше да се падне и многу полесна група.
Шпанија го декласира Алжир и ја чекира Македонија во полуфиналето на МИ
![]()
Машката ракометната репрезентација на Македонија ќе игра со Египет во полуфиналето на Медитеранските игри во Оран. За нас одигра Шпанија која го декласира домашниот Алжир со 31:19.
Моќната Норвешка прв противник на четата на Лазаров во Краков
![]()
Македонија за противници во групната фаза на ракометниот Мундијал ги доби селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија, така сакаше ждрепката. Четата на селекторот Кирил Лазаров се најде во групата Ф и ќе игра во градот Краков.
Македонија доби мундијалска група со Аргентина, Холандија и Норвешка
![]()
Македонските ракометари ќе имаат бурен јануари, затоа што добија непредвидлива група за Светското првенство во Полска и во Шведска. Денешната ждрепка во Катовице ги смести „црвено-жолтите" повторно во Краков, во конкуренција на Норвешка, Аргентина и на Холандија.
Турција надиграна, македонските ракометари на чекор до полуфинале на Медитеранските игри
![]()
Македонија - Турција 31:22 (13:12)
Македонската ракометна репрезентација која е дел од Медитеранските игри во Алжир, славеше со 31:22 против Турција и остана со шанси за второто место во групата, кое води во полуфиналето.
Шпанија пресилна за младата Македонија, прв пораз на МИ во Оран
![]()
Македонија - Шпанија 22-31 (8:14)
Во третиот натпревар на Медитеранските игри во Оран, македонската машка ракометна репрезентација доживеа убедлив пораз во дуелот против селекцијата на Шпанија.
Македонија промаши пенал за победа против Алжир, но покажа зрелост и карактер
![]()
Алжир - Македонија 24:24 (15:15)
Ракометната репрезентација на Македонија на Медитеранските игри во Алжир одигра многу интересен и крајно неизвесен меч против домаќинот Алжир, кој на крајот заврши нерешено 24:24 (15:15).




