
Селекторот Кирил Лазаров, соочен со повредите на двете леви крила, Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, веднаш реагираше и повика нов играч.
Тоа е капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, кој експресно замина за Данска. Играчот на Охрид деновиве се појави на пријателските натпревари против Динамо Панчево и Тримо Требње.
Тој треба денеска да пристигне во Хернинг и да биде на располагање за утрешниот меч со Романија во рамките на последното коло во нашата група.