hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Нема што да загубиме, ќе уживаме против најдобрите

crvenkovska-lazarov

Селекторот Кирил Лазаров во пресрет на првиот дуел од Европското првенство во Хернинг игра со моќната Данска. Данците ќе имаат поддршка од трибините, тие се тим кој е актуелен светски и олимписки првак.

„На првиот натпревар играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, тоа е Данска. Возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, ќе ни биде многу тешко, но немаме што да загубиме на овој меч и ќе се обидеме да уживаме. Разговарав со моите млади играчи на кои ова им е ново искуство, ќе играат против земја во која се сака ракометот и кој им е можеби број 1. Најважно е што смената на генерации ја правиме постепено, чекор по чекор, тоа е тежок процес и посилни селекции имаат проблем со смена на генерации. Ние сме мала земја, мора да бидеме трпеливи. Искрено, секој има амбиции и сака да победува натпревари. Сакаме да одиме во втората фаза, но секој сака", рече селекторот Лазаров.

Браќата близнаци Игор и Алексеj Ковалчиус од Молдавија ќе делат правда на нашиот прв натпревар на шампионатот.

Share