hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија го доби последниот тест пред дебито со Данска

472715696 937510081844125 4925438803419359824 n

Македонија - Мидтјиланд 36:27 (14:13)

Ракометната репрезентација го победи Митјиланд во последниот контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство и во одлична атмосфера ќе ја дочека премиерата против кодомаќинот Данска.

Селекторот Кире Лазаров ја искористи и последната можност да ги воигрува своите избраници за престижниот турнир на контролката со данскиот тим, кој беше искористен како последен спаринг партнер пред официјалниот почеток на ЕП.

Македонија на полувреме водеше со 14:13, а на крајот го доби дуелот со 36:27, па сега може да размислува за познатите противници во групната фаза на првенството.

Премиерата на Европското првенство против Данска е закажана за на 16 јануари од 20:30 часот.

Share