
Ракометната репрезентација на Македонија веќе пристигна во својата база во данскиот град Силкеборг.
Македонските ракометари продолжуваат во полна пареа со два тренинзи. Планиран е прв дел од денот за фитнес тренинг во теретана, а попладнето ќе биде искористено за тренирање во сала.
Македонија има уште неколку денови за последните подготовки пред првиот натпревар на Европското првенство. Дотогаш е планиран уште еден неофицијален тест натпревар против машката екипа на Мидтјиланд.