
Ракометната репрезентација на Македонија денес замина од Винтертур кон Данска. По трите тест натпревари во Швајцарија, нашата селекција имаше тешко патување до Данска. Поради слаба поврзаност, ракометарите допатуваа до Цирих, а од таму летаа до Франкфурт. Од Германија репрезентативниот камп пристигна до Билунд, за потоа да дојде и во Силкеборг, град кој е во близина на Хернинг.
Во текот на попладнето беше одработен и полесен тренинг.
Македонија ќе престојува во Силкеборг од 13 јануари, пред да се пресели во Хернинг за настапот на Европското првенство на кое ќе игра против Данска, Португалија и Романија.